Мора да помине времето на локални каобојци и криминалци, порачува градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, каде што вечерва во престрелка едно лице беше рането во нога.

Јас како градоначалник на Општина Бутел барам од надлежниот државен орган МВР, веднаш уште вечерва да биде расветлен случајот со попладневните престрелки во Бутел. Оваа власт досега покажа дека е немоќна да се справува со овој вид криминални случаи, таа мора веднаш фронтално да се соочи со бандитите кои носат немир на граѓаните на нашата Општина, напиша Костовски на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2021 02:32