Ѕвездите ја знаат целата вистина. Веројатно вака мислела директорката на Основното училиште Аврам Писевски во скопското село Бардовци, Матилда Бајкова.

По промената на локалната власт во нејзината општина Карпош сега се што ја интересира е дали ќе остане директор уште еден мандат, па решила да побара токму ѕвездите да и ја одредат судбината. На социјалните мрежи на видео кај балкански астролог културно си прашала дали ќе добие нов мандат. Одговорот побарајте го сами во ова видео, иако веројатно во овој случај ништо не зависи од хороскопот туку од градоначалникот на општината кој ги назначува директорите.

Инаку директорката Матилда Бајкова според она што може да се најде на интернет е навистина добар наставник а пред 4 години била прогласена и за просветен работник на годината. Веројатно тогаш, ѕвездите и биле најдобро наредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2021 14:39