Австриската полиција влегла во трага на брачен пар од Македонија на возраст од 64 и 63 години кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата истражувала малку подлабоко и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Како што пренесува heute.at, брачните партнери ја вратиле километражата на едно Ауди за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Ауди и Шкода.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2022 05:25