Македонските ракометни кадети се нови миленици на нацијата, не само поради освоениот ЕХФ шампионат во Летонија туку и заради односот кон државната химна која продолжија да ја пејат откако во официјалниот дел беше интонирана кратка инструментална верзија, односно само првата строфа.
Па така, избраниците на Радослав Стојановиќ, откако заврши интонирањето на химната, продолжија со вториот дел каде што се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански со што придонесоа за подигнување на тимската атмосфера која ја крунисаа со пет победи и златен медал (прво место) на ЕХФ-шампионатот кој се оддржуваше во Летонија.