Во пресрет на новогодишните празници, „Рамстор Мол“ во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, за сите љубители на книгата организираат Денови на книгата во Рамстор Мол, кои ќе се одржат од денеска до 19 декември 2021 година.

Како што информираат организаторите, во текот на овој настан ќе може да се најдат изданијата на голем број македонски издавачки куќи и книжарници и тоа Издавачки Центар ТРИ, Арс Ламина, Антолог, Издавачката куќа Полица, Култура, Феникс, Сакам Книги, Топер, Бата прес, Едука Мак, Мартина, Паблишер, Икона и Просветно дело.

– Повелете на дружење во Рамстор Мол со сите љубители на книгите со кои ќе можете да размените многу книжевни муабети, да се посоветувате и да си ја збогатите вашата домашна библиотека во пресрет на Новата година. Спремете го вашиот список на посакувани книги и повелете во Рамстор Мол на книжевен шопинг, посочуваат од „Рамстор Мол“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 11:58