Македонска Каменица во петок ќе биде домаќин на манифестацијата „Унгарски културен мозаик”, во чии рамки како што информираа од каменичкиот Дом на култура ќе биде отворена и изложба со дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија.

-Овој петок во Домот на културата во Македонска Каменица, со почеток од 18 часот, ќе се одржи манифестацијата „Унгарски културен мозаик“. Во рамки на двочасовната програма, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со изложба од дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија, а исто така посетителите од Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да уживаат во дел од презентацијата на унгарската музика, вино и десерти, наведуваат од Домот на култура во Македонска Каменица.

Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во соработка со градоначалникот на Општина Македонска Каменица.

Во рамки на манифестацијата, учество ќе земат и членовите на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица со кои оваа установа планира воспоставање долгогодишна соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 15:06