Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата.
До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода. Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер со 141 и 143,5 метри или 291 бод. Трет беше Ловро Кос од Словенија со прескокнати 135,5 метри и 138 метри, 286 бодови.
Следен натпревар за најдобрите ски-скокачи во светот е на 4 јануари во австриски Инсбрук.