Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на турнејата „Четири скокалници“. Тој вечерва на последниот натпревар од турнејата го освои петтото место што му беше доволно да биде вкупен победник.

Инаку, победник вечерва во Бишофсхофен беше Даниел Хубер од Австрија со скокови од 136,5 и 137 метри, односно 286,8 бодови. Ова е прва победа за Хубер во Светскиот куп.

Второто место му припадна на Хелвор Егнер Гранеруд од Норвешка со скокови 136,5 и 136 метри и 282,4 бода.

Трет беше Карл Гајгер од Германија со 140,5 и 132 метра и 281,9 бода.

Генерален пласман на турнејата:

1. место Кобајаши – 884,5 бодови

2. место Мариус Линдвик – 866,6

3. место Гранеруд 845,8

4. место Маркус Ајзенбихлер – 842,4

5. место Гајгер – 841,7.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2022 04:05