Слаломот од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција закажан за 11 јануари нема да се одржи во австрискиот зимски центар Флахау поради пандемијата на коронавирус и трката е преместена во Шладминг, објави Австриската скијачка федерација.

– Поради високата стапка на инфекција во Флахау, покраината Салцбург гласаше против одржување на трката, се наведува во соопштението.

Австриската федерација наведе дека пронашла алтернативна локација и трката ќе вози во Шладминг, во соседната покраина Штаерска, која за прв пат ќе биде домаќин на слалом во женска конкуренција.

Ова е прво натпреварување во рамки на Светскиот куп во алпско скијање кое е одложено оваа зима поради пандемијата, на помалку од еден месец пред Зимските олимписки игри во Пекинг, што под строги здравствени ограничувања ќе се одржат од 4 до 20 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2022 13:22