Најдобрата светска тенисерка, aвстралијката Ешли Барти триумфално ја почна новата сезона со својот 14. трофеј во кариерата, откако ја совлада во финалето на ВТА турнирот во Аделаида, Јелена Рибакина од Казахстан со 6-3, 6-2.

За триумфот над 14. рангираната тенисерка на ВТА листата на Барти и беа потребни 64 минути.

Австралиската тенисерка го одигра своето 20 финале во кариерата, а второ во Аделаида каде триумфираше и во 2020 година.

Рибакина по осми пат настапи во финале на ВТА турнир во поединечна конкуренција, а 22 – годишната казахстанска тенисерка остана на титулите освоени во Букурешт во 2019, и во Хобарт, во 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2022 12:19