Словачката скијачка Петра Влхова победи на слаломската трка која за 58. трофеј „Златна лисица“ се одржа денеска во словенечкиот ски центар Крањска Гора.

Влхова дојде до својата петта слаломска победа оваа сезона со што ја потврди доминацијата во слалом во алпскиот куп.

Второто место го освои водечката по првото возење Венди Холденер од Швајцарија, за која ова беше 29. слаломски подиум во кариерата без притоа да се искачи на највисокото место.

Како третопласирана на женскиот слалом во Крањска Гора заврши Швеѓанката Ана Свен Ларсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 10:15