Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, наводно, е уапсен само неколку часа откако ја добил жалбата од судот и беше ослободен.
И покрај тоа што судијата нареди тенискиот ас да биде ослободен од карантин министрите имаат моќ да го поништат ова и сепак да го депортираат, јавија британски медиуми.
„Властите во Австралија имаат дискреционо право да му ја укинат визата на Ѓоковиќ врз основа на ’закани за јавното здравје‘ и случајот може пак да се врати на суд“, јавија британски медиуми.
Судот во Мелбурн претходно ја поништи одлуката на сојузната влада на Австралија за депортација и укинување на визата за Новак Ѓоковиќ. Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на владината одлука, аргументирано ја образложија и потврдија дека најдобриот тенисер во светот има комплетна документација за медицинско изземање, поради што судијата Ентони Кели пресуди во негова корист. Одлучено е да му се платат трошоците и да му се вратат пасошот и сите лични документи. Судот посочи дека е „неразумна“ одлуката на Владата да му ја укине визата за влез на, во моментот, најдобриот тенисер во светот.