Претседателот на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) Лук Тардиф рече дека организацијата има намера в среда да даде официјална изјава во врска со учеството на играчите од НХЛ на претстојната Олимпијада.

– Не е доволно да се добие дозвола за учество на Олимпијадата само од Меѓународниот олимписки комитет или Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Единствената можност за учество е дозвола од нивниот клуб или лига. ИИХФ во среда ќе излезе со официјален став околу ова прашање, истакна Тардиф.

Претходно на американската професионална лига – НХЛ се противи на учеството на хокеарите на Олимпијадата во Пекинг.

Олимписките игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари, а турнирот во хокеј за мажи ќе започне на 9 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 12:41