Организаторите на Австралија Опен ги објавија носителите на првиот календарски грен – слем турнир, што идната недела почнува во Мелбурн.

Бранителот на титулата и деветократен победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, го има статусот на прв носител во машка конкуренција. Втор е Русинот Дмитри Медведев, додека трет носител е Германецот Александер Зверев.

Во женска конкуренција, за прва носителка е поставена најдобрата светска тенисерка Ешли Барти од Австралија, за втора Русинката Арина Сабаленко, а за трета Гарбина Мугуруза од Шпанија. Минатогодишната победничка, Јапонската Наоми Осака, е 13. Носителка.

Австралија Опен ќе се одржи од 17 до 30 јануари, а настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поради статусот на неговата австралиска виза сè уште е неизвесен .



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2022 05:19