Данска нема да испрати официјален претставник на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа е уште една во редот западни земји која ќе ги бојкотира Игрите поради, како што велат, системско кршење на човековите права во Кина, а особено „геноцидот” врз ујгурското муслиманско малцинство во северозападната провинција Синџијанг.

– Владата одлучи дека нема да учествуваме на Зимските олимписки игри во Кина… Не е тајна дека ние во Данска сме многу загрижени за состојбата со човековите права во Кина, изјави министерот за надворешни работи Џепе Кофод.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2022 12:20