Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада се тројцата спортисти кои ќе земат учество на Зимските Олимписки Игри Пекинг 2022, кои ќе се одржат во периодот од 4 до 20 февруари, информираат од Македонскиот Олимписки Комитет.
Ана Цветановска својот настап во Крос кантри ќе го има на 5 и 10 Февруари, нејзин тренер е Борче Јовановски. Ставре Јада, исто така во Крос кантри со истиот тренер ќе настапи на 8 и 19 Февруари, додека, Дардан Дехари - Слалом ќе настапи на 13 и 16 февруари, а негов тренер е Антонио Ристевски.
Македонското знаме на церемонијата на отворање на Зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Како што информираат од МОК, олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари.