Општина Тетово информира дека како институција ќе работи и ќе биде отворена за граѓаните во работните денови од 7:30 до 16:30 часот. За вработените е воспоставено флексибилно работно време од осум часа дневно.

-Се известуваат граѓаните на општина Тетово дека согласно Колективниот договор за вработени во локалната самоуправа е воспоставен флексибилнo работен време од осум часа дневно. Работното време започнува од 7:30 до 8:30 часот, а завршува помеѓу 15:30 и 16:30 часот. Електронското евидентирање со флексибилно работно време ќе се реализира од денот на одобрување на ова известување, информираат од канцеларијата за односи со јавноста и комуникации при Општина Тетово.

Воспоставувањето на флексибилно работно време е и една од точките на „Планот 100-дена” на градоначалникот Билал Касами, се наведува во нивното соопштение



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 16:41