Првиот светски рекет, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе му честита на Русинот Данил Медведев, кој оваа недела може да го симне од врвот на АТП рејтингот.

Медведев оваа недела учествува на турнир во Мексико Сити (Мексико), а Србинот во Дубаи (Обединети Арапски Емирати).

Пласманот во рангирањето ќе зависи од нивните резултати на овие турнири.

– Тоа ќе се случи еден ден. Медведев ќе стане првиот рекет на светот. Ако ова се случи оваа недела, јас ќе бидам првиот што ќе му честитам, рече Ѓоковиќ на прес-конференција.

Да напоменеме дека за Ѓоковиќ турнирот во Дубаи ќе биде прв по скандалот со визата во Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 12:15