Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки.

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 20:16