Македонската сениорска машка кошаркарска репрезентација утревечер ја пречекува Грузија во рамки на 4. коло во мундијалските квалификации во обид да се реваншираат за високиот пораз (70-91) од гостувањето во четвртокот во Тбилиси и да ја забележат премиерната победа во групата Г.

– При анализата на натпреварот што го одигравме во Тбилиси, забележавме многу работи што можеме да ги поправиме. Работевме на моментот да ги запреме нивните најдобри играчи Мекфејден и Шермадини, но не успеавме и ќе се обидеме тоа да го направиме во Скопје, изјави асистентот во стручниот штаб Александар Јончевски, кој во отсуство на селекторот Драган Бајиќ поради позитивен тест на коронавирус, повторно ќе седи на селекторското столче.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2022 01:32