Украинската „инфлуенсерка“ Настја Тиман објави неколку видеолекции на „Тик-ток“ за тоа како да управува со заробен руски тенк, откако претходно украинските власти објавија водич за напад врз руски напаѓачи со помош на „Молотови коктели“.

„Ако случајно најдете слободен или напуштен оклопен транспортер, еве како да го стартувате“, вели „тиктокерката“, па продолжува со појаснувањата.

Настја , која по професија е автомеханичар, ги споделува своите совети со 832.000 следачи на Инстаграм. Во меѓувреме, украинскиот Генералштаб објави и подробни цртежи со недостатоците на руските воени возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2022 13:23