Македонскиот репрезентативец, Петар Арсовски со убедлив резултат 5:0, го победи Велис Антонио Ремус од Грција во четвртфиналето на Европското младинско првенство во бокс, кое се одржува во Софија, Бугарија.

– Со пласманот во полуфиналето, Арсовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на Европското првенство. Нашиот боксер доминираше против Ремус од Грција во сите три рунди и запиша заслужена и убедлива победа, информираат од боксерската федерација.

Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2022 15:48