Тринаесетгодишната Ангелина Булеска водена од Мета Јанс од Холандија, од денес до 22 април ќе ја претставува Македонија на „CVI Grote-Brogel“ во Пеер, Белгија, соопштија од Федерацијата за коњички спортови.
Булеска ќе се натпреварува во категоријата волтажирање, индивидуалци за деца до 14 год.
Воедно ова е прв настап на македонски спортист во оваа коњичка дисциплина на меѓународен натпревар под националното знаме.