За скоро цела минута Адријана, на Купот на Македонија на 10.000 м успеа да го подобри сопствениот, а воедно и националниот рекорд со време 35.00.30, кое претходно изнесуваше 35.53.33.

Временските услови беа исклучително лоши, но тоа не беше никаква пречка за Поп Арсова да го постави новиот државен рекорд.

Купот на Македонија на 10.000 м се одржа на 17-ти април, како прв натпревар на стаза за 2022 годинa во организација на Атлетската федерација.

Победници се Адријана Поп Арсова и Атанас Анчевски од Атлетски клуб Делта од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 15:46