Седумкратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон и победничката на 23 Грен слем турнири, Серена Вилијамс, инвестираа по 10 милиони фунти во конзорциум предводен од поранешниот претседател на Ливерпул, Мартин Бротон.

Желбата на Бротон да го купи Челзи беше објавена на 19 март.

Конзорциумот, кој е претставен од Бротон, актуелен претседавач на „International Airlines Group“, како и претседателот на „World Athletics“, Себастијан Коу, доставија понуда за купување на лондонскиот клуб од Роман Абрамович.

Претставниците на инвестициската асоцијација изјавија дека се подготвени да вложуваат во развој на клупската инфраструктура и зајакнување на тимот. Истовремено, тие нагласија дека средствата наменети за стекнување на клубот „веднаш ќе бидат префрлени на жртвите од хуманитарната криза“ во Украина.

Екс-претседателот на Ливерпул вети и дека навивачите ќе бидат активно вклучени во одлуките кои влијаат на судбината на Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 12:28