Во Офицерски дом во Битола вчера беше промовирана Биографијата „Големиот воин и неговата храбра ќерка“ за македонската кикбокс легенда Златко Неделковски.

Книгата за таткото на Кик Боксот во Македонија – Златко Неделковски (196O – 2O2O) ја напиша неговата ќерка Дијана која на промоцијата зборуваше за големата поврзаност со својот родител.

– Деновите и минутите до самата реализација на Биографијата беа долги и тешки но како и се досега што се случувало во нашето семејство така и ова дело е резултат на тимска работа. Сплотени во едно – месеци и денови сите заедно внимателно ја одбиравме секоја фотографија и некако повеќе тоа беше работа на мојата мајка а додека се останато – целата организација се до овој момент – па и оваа вечер е дело на мојот брат. „Големиот воин и неговата храбра ќерка“ е Биографија но и книга за семејството Неделковски – книга за сите вас – книга за сите минати – сегашни и идни членови – книга за сите соработници и пријатели – за народот – книга за Златко Неделковски, рече Дијана.

Славчо Неделковски ги прочита воведот на Биографијата потпишан во име на семејството и ја претстави кратката биографија на својата сестра и причината зошто токму таа е вистинскиот избор да е потписник на Биографијата за Златко Неделковски.

– Особена чест имам што оваа вечер ќе говорам за архивски факти за човекот кој требаше да е со нас но остави поголем белег врз животите на генерации битолчани кој нема така лесно да се избрише. Зошто битолчани? Затоа што Златко Неделковски беше самофинансирачки амбасадор на својот град Битола и Македонија. Него никогаш не го интересираше профитот кој пак за жал стана заштитен трговски знак за спортот во нашата земја а и глобално светот. Златко Неделковски прво е човекот кој е татко на Кик Боксот во Македонија но и низа боречки вештини и спортови кои не само што ги изучил и донел од светот во нашата Македонија – нашата Битола ами ги усовршил и им ги вратил на светот подобри и поквалитетни што е исто поткрепено со факти.

Човекот кој точно пред 30 години во независна Македонија во 1992 година по една година формирање на првите клубови на варијации на боречки вештини и спортови – сите до еден основани со негов потпис а во 13 градови го формира Кунг Фу – Фул Контакт Сојузот на Република Македонија или пет години пред оние – кои тврдат дека ете тие се првоносителите. Не беше лесно да се напише Биографија на човек кој животот го одживеал за три. Но успеавме со креативни форми кои книжевноста не ги познава па и тука направивме уникатна форма на дело кое говори за земниот век на Златко Неделковски низ 6О години а притоа без биде именуван било кој, рече во дел од своето обраќање Славчо Неделковски.

Пред пет години Златко Неделковски официјално станува легенда во боречките вештини и спортови со впишување на неговото име како татко на Кик Боксот во Македонија во првиот учебник за боречките спортови и вештини наменет за идните професионални спортисти при Факултет за физичко образование – спорт и здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 13:48