Првиот светски рекет Ига Швјонтек синоќа ја победи 12-та на ВТА ранг-листата, Ема Радукану со 2-0, по сетови 6:4, 6:4 и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Штутгарт.

За полската тенисерка ова е 21 победа во низа. Таа победи на пет меча во Доха, потоа шест во Индијан Велс, шест во Мајами, два во Купот „Били Џин Кинг“ и сега два во Штутгарт.

Победничката серија е најдолга за тенисерка во топ 10 најдолга од 2000 година.

Швјонтек, исто така, стана првата жена што освоила 28 сета по ред по Серена Вилијамс, која го направи тоа помеѓу Отвореното првенство на САД во 2012 година и Австралија Опен во 2013 година.

Попладнево, Швјонтек во полуфиналето на трунирот во Штутгарт ќе се соочи со Људмила Самсонова од Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2022 02:06