Првиот спринт во Формула 1 во 2022 година возен денес во Имола му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Холанѓанецот 21 круг помина со време 30:39.567 минути.
Второто место го освои Шарл Леклер од Ферари со 2,975 секунди заостанување.
Серхио Перез од Ред Бул заврши како трет со 4,721 секунди поспоро време зад клупскиот колега.
Од четвртото до десеттото место се пласираа: Карлос Сајнц, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо и Мик Шумахер.
Спринтот го одреди стартниот редослед на утрешната главна трка за Големата награда на Емилија-Ромања. Почетокот е во 15 часот