Британецот Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски првак во бокс во тешка категорија во верзијата WBC, откако во Лондон го нокаутираше сонародникот Дилијан Вајт во шестата рунда.

Во текот на целата борба во саботата вечер на стадионот „Вембли“ двајцата боксери разменија малку удари, но кон средината на шестата рунда Вајт налета на аперкат на Фјури и се најде на подот без можност да ја продолжи битката.

За 33-годишниот Фјури ова беше 32. победа во кариерата, со еден нерешен исход, додека 31-годишниот Вајт го претрпе третиот пораз во својата 31. борба.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2022 11:07