Возачот на Ферари, Шарл Леклер на вчерашната трка во Имола од Формула 1 шампионатот испушти подиму по една грешка додека се обидуваше да го престигне Серхио Перез од Ред Бул.
На крајот Леклер ја заврши трката како шести.
– Скапо ме чинеше оваа грешка и ќе извлечам заклучоци. Но, не почувствував дополнителен притисок. Имав шанса што не сум ја видел досега. За мене беше сосема очигледно дека третото место е највисок можен резултат. Но, видов можност и се обидов да ја искористам. Возев низ свиоците 14 и 15 малку побрзо, возев предалеку на тротоарот и се извретв. Сите бодови се важни, а денеска загубив седум бода од 15 што ќе ги добиев за третото место. Извлекувам заклучоци за во иднина. Мислам дека не презедов особено голем ризик. На тој дел од патеката бев побрз од Чеко, во еден круг нападнав малку повеќе и отидов предалеку. Но, освен тоа, не преземав дополнителни ризици за време на викендот, во таа смисла се е во ред, изјави лидерот во Формула 1.
Неуспехот на Леклерк му овозможи на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, да ја намали разликата во генералниот пласман на 27 бодови.