Со натпреварите од „Априлскиот коњички турнир“ и првото коло од отвореното Лига – првенство, викендов почна сезоната 2022 во прескокнување пречки. Турнирот се одржа на терените Дрма-Идризово во организација на КК Анималс.
Во првиот натпревар со височина од 0,90 м. таканаречен „прескокни повеќе“ во време од 70 секунди каде што за секоја чисто прескокната пречка се добиваат два поена, а за секоја прескокната пречка со рушење на истата еден поен најуспешни беа: 1. место Леонида Гроздановска со грлото Доктор Ди од КК Анималс 2. место Петар Милошевски со грлото Колд Плеј од ККБравадоси 3. место Меланија Атанасовска со грлото Лори од КК Илинден.
Најдобри на вториотиот натпревар така наречен „растечки потешкотии“ со височина на пречките од 0,90 до 1,20 м. со алтернативна пречка Џокер: 1. место освои Петар Милошевски со грлото Надја од КК Бравадос 1. место Меланија Атанасовска со грлото Лори од КК Илинден и 3. место Лија Кајев со грлото Нур од КК Анималс.
Во третиот натпревар ревијален за дебитанти со почетна лиценца за прескокнување на пречки со висина од 60-70 см. сите што го завршија скокањето без казнени поени го делат првото место: Матеа Димовска со грлото Прецоус од КК Анималс Кристина Антовска со грлото Војвотка од КК Анималс Горјан Атанасовски со грлото Лори од КК Илинден.
За оваа сезона предвидени се четири кола во Лига-првенството, додека Државното првенство се одржува во шест кола. Годинава за прв пат ќе има државно првенство во дресурно јавање.