Екипата на Струмица синоќа го освои деветтиот шампионски триумф во македонското одбојкарско првенство.

Струмичаните на домашен терен ја совладаа Шкендија со максимални 3:0 и во најкус рок од три натпревари ја завршија финалната серија од плејофот без изгубен сет.

Воедно, струмичани успеаја да ја одбраната ланската двојна круна, освојувајќи го вкупно 17. пехар.

Струмица десетина години доминира на машката одбојкарска сцена. Во последната деценија само два пати не седна на првенствениот престол, а сезонава не загуби ниту еден меч во лигата и во купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2022 09:19