Возачот на Ред Бул, Серхио Перез смета дека нема прв и втор возач во тимот, туку дека тој и Макс Верстапен имаат ист третман.
– Би ја напуштил Формула 1 доколку ме сметаат за втор возач на тимот. Тоа би било непочитување кон мојата кариера. Возам во Формула 1 затоа што знам дека можам да победам и да станам шампион. Не треба никому ништо да докажувам. Останувам фокусиран на освојување на шампионатот. Ако од мене беше побарано да му дозволам на Макс да победи во трка кога јас би можел да го освојам шампионатот, мислам дека ќе имавме проблеми. Но сега сето ова е ирелевантно. Тимот отворено ни кажа дека сака двајцата возачи да бидат победници. Нема ништо подобро од тоа да се бориш за шампионската титула со Макс. Го имаме најдобриот тим и тоа ни помага да одиме напред, изјави перез за „FOX Sports Mexico“.
На последната трка возена во Имола за Големата награда на „Емилија-Ромања“ Перез се најде на второто место. Неговиот тимски колега Верстапен победи на трката.
Во поединечниот поредок во Формула 1, Перез е трет со 54 бодови, Верстапен е втор со 59 бодови.