Српскиот стратег Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата македонската одбојкарска репрезентација и ќе ги предводи „црвено – жолтите“ на претстојните настапи во Европската сребрена лига и Медитеранските игри.
Павличевиќ (56), чија официјална промоција е најавена за утре, доаѓа на местото на сонародникот Душко Николиќ.
Новиот македонски селектор во кариерата предводеше бројни екипи од Србија, Грција, Швајцарија и Саудиска Арабија