Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го нарече Шпанецот Рафаел Надал главен ривал во неговата кариера.

– Се разбира, враќањето на Надал на теренот по долгата пауза влијае на мене бидејќи тој е мојот најголем ривал на сите времиња. Веќе подолго време немаме играно на ист турнир. Знаете, времињата се менуваат. Има млади играчи и двајцата даваме сé од себе за да останеме во првите редови. Мислам дека сè уште сме силни и убаво е да се види тоа, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер и Надал имаат одиграно 58 меѓусебни натпревари на АТП турнирите од кои 30 победи има Ѓоковиќ, 28 Шпанецот.

Ѓоковиќ има 20 грен слем титули, Надал 21.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2022 14:23