Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања од првото Гран при на Мајами.

– Се радувам на трката во Мајами. Веќе ја пробав оваа патека на симулаторот, се подготвувавме максимално сериозно, со оглед на фактот дека никогаш не сме биле на тој автодром во реалниот живот, изјави Верстапен.

Големата награда на Мајами ќе се одржи од 6 до 8 мај.

По четири трки од шампионатот во Формула 1, во тековната сезона, Верстапен е втор во поредокот за возачи со 59 бодови. Бранителот на титулата заостанува 27 поени зад лидерот Шарл Леклер од Ферари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2022 02:28