Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Чарлс Леклер (Ферари), ќе стартува од пол – позицијата за Големата награда на Мајами, петтата трка во оваа сезона која ќе се вози вечерва со почеток во 21: 30 часот по средноевропско време.

Леклер беше најбрз во квалификациите пред клупскиот колега Карлос Саинц, додека од вториот ред ќе стартуваат возачите на Ред Бул, актуелниот светски првак Макс Верстапен и Серхио Перез.

По воведните четири трки во новата сезона Леклер води со 86 бодови, а второпласираниот Верстапен зад него заостанува 27 бодови.

На третото место е Перез со 32 бодови заостанување зад водечкиот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2022 10:07