Рускиот боксер Дмитри Бивол ја задржа WBA титулата во полутешка категорија, совладувајќи го во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите Мексиканецот Саул Канело Алварез.

За 31-годишниот Русин тоа беше 20. победа во исто толку дуели, додека 31-годишниот Мексиканец го претрпе вториот пораз во својата 61. борба, откако во 2013 година беше поразен и од Флојд Мејведер.

– Денеска докажувам дека сум најдобар во својата категорија. Знам дека луѓето го сакаат Канело. Тој е најголемиот борец во светот. Луѓето се на негова страна, изјави Бивол по синоќешната борба во Лас Вегас.

Мексиканскиот боксер го призна поразот и најави реванш.

– Бивол е голем шампион. Во боксот некогаш победуваш, а некогаш губиш. Денеска јас загубив, но ова не завршува вака. Секако дека сакам реванш, изјави Алварез.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 06:06