Актуелниот светски првак на 100 метри, Американецот Кристијан Колман (26), победи денеска на атлетскиот митинг во Токио, во својот прв настап во оваа дисциплина по истекот на 18-месечната суспензија поради кршење на антидопинг правилникот.

Колман на јапонскиот национален стадион своите први официјални 100 метри оваа сезона ги истрча во време од 10.09 секунди, освојувајќи го првото место пред Јапонецот Јуки Коике (10.220 и Австралиецот Рохан Бровинг (10.23З).

Американската спринтерска ѕвезда во јануари се врати на атлетиката по истекот на 18-месечната суспензија поради кршење на антидопинг правилникот.

Колман не беше позитивен на допинг тест, но во период од 12 месеци три пати не се појави на наведена локација за да даде примерок за тестирање, што е спротивно на антидопинг правилата



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 06:41