Кенискиот атлетичар Ноберт Киген победи на денешниот маратон во Прага во машка, додека Етиопјанката Белекеч Бореча триумфираше во женска конкуренција.

Киген низ целта мина за два часа, седум минути и 54 секунди, оставајќи ги зад себе етиопските маратонци, Келкиле Волдарегај и Јитајал Зерихун.

Бореча славеше на женскиот маратон со време на личен рекорд од два часа, 22 минути и 56 секунди.

Над 10.000 натпреварувачи учествуваа на денешниот маратон во Прага, кој во два наврати беше откажан поради пандемијата на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 07:08