Во работилницата „Мекнотон холдингс“ за тартан – традиционална шкотска ткаенина, машините денес плетат километри од познатите карирани шари во зелена, црвена, црна, сина и бела боја. Но, нова кројка во огромната фабрика во Кит, североисточна Шкотска, деновиве се издвојува по својата нетрадиционална боја – жолто-сината. Компанијата „Грејт Скот“ веќе со седмици го плете тартанот под наслов „Украина засекогаш“ со цел да се соберат средства за жртвите од војната таму.

– Видовме на вести што се случува и како луѓе, бевме згрозени. Размислувавме што можеме да направиме за да собереме пари и да ги донираме во добротворни цели. Па, можеме да дизајнираме тартан, изјави Патрик Лутас – директор на „Грејт Скот“.

Тартан е шкотска национална ткаенина, платно особено употребувано кај килтите, народна шкотска облека. Дизајнот којшто бил забранет во 18 век, подоцна станал популарен и како политичко и како модно изразување во Шкотска, но и на други места во светот.

И Министерството за надворешни работи на Украина на својот Твитер профил ја пофали иницијативата за новиот тартан. Повеќе од 3,2 километри ткаенина веќе се продадени, а побарувачката е најголема во САД, како и меѓу украинските иселеници. Секоја продажба оди во помош за Британскиот комитет за помош на Украина, според наводите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 09:41