Макс Верстапен победи на инаугуративната трка за Големата награда на Мајами и стигна до својот трет триумф сезонава во болидот на Ред Бул.
Холанѓанецот уште на стартот го престигна Карлос Саинс, а потоа во 9 круг успеа да го заобиколи Шарл Леклер и со мирно и безбедно возење дојде до победа.
Во првите десет се најдоа уште Серхио Перес, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Алекс Албон.
Во генералното рангирање Леклер е на лидерската позиција, но, Верстапен уште повеќе му се доближи во борбата за титулата.