Македонскиот репрезентативец и член на АК „Работнички “, Андреас Трајковски на Меѓународниот атлетски митинг во Лимасол вчера го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено, со резултат од 7 метри и 41 сантиметар.

Досегашниот македонски рекорд во скок во далечина на отворено изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски.

Како што информираат од Атлетскиот клуб „Работнички“, Трајковски со овој скок го освои петтото место на митингот. Прв беше олимпискиот шампион и светски првак во сала, Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор Рејнод Баниго од Велика Британија со 8.04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7.56 метри.

Ова беше прв натпревар за Трајковски сезонава на отворено во скок во далечина, а веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2022 13:02