Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по два исцрпувачки сетови кои понудија фантастичен тенис го совлада Канаѓанецот Феликс Оже – Алиасим (7-5, 7-6) и обезбеди полуфинале на АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Рим.

Ѓоковиќ до својата 999-та победа во кариерата дојде доцна синоќа по два часа и 12 минути игра, а негов противник во полуфиналето ќе биде Норвежанецот Каспер Руд.

Во второто полуфинале ќе играат Германецот Александр Зверев и Гркот Стефанос Циципас.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2022 11:59