Мајскиот коњички турнир и 1. коло од Отвореното државно првенство во прескокнување на пречки за 2022 година се одржа викендов, соопшти Федерацијата за коњички спортови.
На програмата беа пет натпревари во прескокнување на пречки во Класи А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките од 0,60 до 1,15 метри.
Во првиот натпревар во Класа Д – висина 0,80- 0,90 метри, првото место му припадна на Пауло Маркез со грлото Коломбо од КК „Бравадос“. Во класата Ц, висина 0,90- 1,10 метри со одржан еден бараж, првото место го освои Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК „Бравадос“.
Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК „Бравадос“ ги освои првите места во Класа Б, висина 1,00-1,10 метри и Класа А со висина 1,10-1,15 метри.
Во класата дебитанти, висина 0,60-0,70 метри, првото место го делат сите што го апсолвирале паркурот без казнени поени, а тоа се Матеа Димовска со грлото Прешес од КК „Анималс“, Кристина Атанасова со грлото Војвотка од КК „Анималс“, Горјан Атанасовски со грлото Лори од КК „Илинден“ и Калина Колевска со грлото Прешес од КК „Анималс“.
Турнирот беше во организација на Коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје и се одржа на теренот на клубот што се наоѓа во населбата во Волково.