Двократната светска шампионка на 400 метри со пречки, чешката атлетичарка Зузана Хејнова, најави дека се повлекува од атлетиката.

Причина за завршување на кариерата е нејзината бременост, а Хејнова, покрај тоа, изминатите две години имаше проблеми со чести повреди и последен пат се појави на атлетската патека во септември 2020 година.

– Зад мене е одлична кариера, а сега се радувам на новата улога во животот рече 35-годишната трофејна чешка атлетичарка.

Хејнова освои злато на светските првенства во Москва (2013 година) и во Пекинг (2015), а на Олимпијадата 2012 во Лондон се закити со бронзениот медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2022 12:47