Чешката тенисерка Маркета Вондроушова (35. на ВТА листата), го оперираше зглобот на левата рака и поради тоа ќе го пропушти настапот на Ролан Гарос, каде пред три години играше за титулата, а во финалето загуби од Австралијанката Ешли Барти.

– Последните неколку недели не беа лесни. Чувствував постојани болки во зглобот и по неколку консултации со лекарите се одлучив за помал оперативен зафат за да можам да играм без болка, порача синоќа чешката тенисерка преку својот Инстаграм профил.

Покрај финалето на грен – слем турнирот во Париз пред години, 22-годишната Вондроушова постигна голем успех и на ланските Олимписки игри во Токио, каде го освои сребрениот медал по поразот во финалето од Швајцарката Белинда Бенчиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 08:56