Денес започнуваме со еден голем проект за асфалтирање на над 30 локални улица во општина Гази Баба. Во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година имаме определено 50 милиони денари наменети за асфалтирање на улици, за подобрување на патната инфраструктура.

Денеска пред да дојдеме овде во Ченто, бевме во населеното место Инџиково каде направивме увид во градежните активности кои се одвиваат за подготвување на улиците за асфалтирање, сега во моментот сме во населено место Ченто каде се асфалтираат краци од улицата Јужноморавски бригади.

Освен во патната инфраструктура општина Гази Баба инвестира во сите области. Инвестираме во комуналната инфраструктура односно продолжуваме со изградба на фекалните канализациони системи во повеќе населени места во Гоце Делчев, во Јурумлери, во Црешево и Смилковци. Интензивно работиме на подобрување на условите за живот, условите во училиштата, во изградба на спортската инфраструктура. Изминатиот период направивме комплетна реконструкција на училишната сала во Глигор Прличев во Железара.

Интензивно се работи на изградбата на спортската сала во Стајковци, се надевам дека до почетокот на учебната година учениците ќе имаат можност во комплетно нова сала да ги одржуваат своите часови по физичко и здравствено образование. Во овој момент најавувам дека во завршна фаза ни е проектот за изградба на нова училишна спортска сала во населеното место Булачани.

Исто така инвестираме и во изградба на нови паркови, изградба на нови игралишта и во завршна фаза ни е процедурата за изградба на една детска градинка. Инвестиции се случуваат насекаде во Гази Баба, во оваа прилика би сакал јавно да се заблагодарам и на претседателот, Христијан Мицкоски кој што ни ја дава поддршката и ни е поткрепа во реализација на сите проекти и заедно со него ќе ги реализираме сите оние проекти кои што ги имаме ветено во нашата изборна програма.

Во Гази Баба повеќе нема да им заборавени населени места.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 12:21