Со асфалтирањето на третиот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, на потегот од улицата Разловечко Востание до булевар Илинден, целосно е реконструирана пешачката патека, на вкупна површина од 1300 квадратни метри. На овој потег, исто така ќе бидат поставени заштитни столпчиња, со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила на пешачката патека.

Досега се поставени 94 заштитни столпчиња на реконструираната пешачка патека на улицата Љубљанска, на потегот од од булеварот Партизански Одреди до улицата Разловечко востание.

Реконструкцијата на пешачката патека продолжува од другата страна на улицата Љубљанска, во насока од булеварот Илинден до Сити Мол, на површина од 1000 квадратни метри. Со обновувањето на пешачката патека се олеснува движењето на пешаците на овој потег и се зголемува безбедноста за учесниците во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 13:42