Во организација на Коњичкиот клуб „Вивакс“ од Скопје утре ќе се одржат Вториот „Мајски коњички турнир“ и второто коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки.

Стартот на натпреварувањата е закажан за во 9:30 часот на теренот во скопската населба Волково.

На програмата, како што соопшти Македонската федерација за коњички спортови, се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0.60 – 1.15 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 14:12